Автомобилот „форд фиеста“ регистриран на името на пејачката Гоца Божиновска утрово околу 5 часот удрил во бандера, паднал во провалија, се превртел на кров и изгорел.
Гоца за еден српски портал потврди дека станува збор за нејзиниот автомобил, но дека нема врска со нејзиниот син Мирко.
На прашањето на новинарите дали знаеш зошто ја бараат, Гоца одговорила: „Знам што се случи, веќе сум будна и очекував да ми се јавите. Кога е нешто точно, јас секогаш се јавувам и ја кажувам вистината“ вели пејачката“ и додава:
„Мојот син и јас сме добро. Мирко не беше во тој автомобил туку го дал автомобилот на еден другар и сега и јас ја добив таа информација. Беше и полицијата. За среќа, никој не е повреден, а автомобилот е потполно уништен.Мирко нема врска со ова, освен тоа што го даде автомобилот на својот другар. Јас не му дозволувам да вози, туку го вози некој друг“ вели Божиновска.