Ана Бекута веќе неколку години е во емотивна врска со некогашниот министер Милутин Мркоњиќ, а на јавноста и е малку познато дека пејачката пред Мрка, сакала главно музичари.
Имено, Ана на почетокот од 80-тите го запознала тапанарот Предраг Видовиќ Преја и тоа така што се јавила на конкурс кој тој го распишал во потрага по пејачка. По музичкиот ангажман во Германија и Америка, Преја се враќа во родниот Шабац, со мисла дека повеќе ќе заработи од народна музика, па барал вокал кој ќе го надополни неговиот бенд.
На конкурсот се јавила, во тоа време непозната, Неда Полиќ, а тогаш настанало и уметничкото име по кое денес е позната, а бендот бил наречен „Анабе“. Покрај Видовиќ во бендот членувале: Зоран Бурсаќ, Сава Јовановиќ, Миленко Божиќ и Бобан Живковиќ.
Тогаш Бекута серозно почнала да се занимава со музика и да напредува, а набрзо по професионалната соработка, се родила и љубов, а двојката наредните десет години живеела во неофицијална заедница.
Сепак, љубовта згаснала кога Ана се зближила со клавијатуристот Слободан Смакиќ на почетокот од 90-тите, па го напуштила Преја и се преселила во Белград.
Потсетуваме, Бекута живееше складно со него до 2000 година, кога следеше разделба, а најпосле среќата ја најде со Мрка со кој денес е во емотивна врска, а тој не ретко знае да каже дека не планира да се ванча со Ана.