Водителката Деа Ѓурѓевиќ се уште оздравува во болница од тешката сообраќајна несреќа во која автобус и ја откина раката.
Покрај неа постојано се нејзиниот свршеник Младен Мијатовиќ и нејзината мајка Нена Додевски.
Деа имала неколку интервенции на раката, а поради повредите се уште се наоѓа во болница.
Иако помина еден ипол месец од сообраќајката, Деа не престанува да биде позитивна.
Таа се огласи на социјалните мрежи и прати моќна порака до нејзините следбеници.
„Научив дека храброста не е отсуство на страв, туку дека е победа над него. Храбар човек не е оној човек кој не чувствува уплашено, туку оној кој го надмина стравот“ напиша Деа.
За потсетување, на 6 јануари Деа тргнала на работа кога автобус удри во водтелката и ја откина раката.