Менаџерот на починатиот пејач Шабан Шаулиќ наводно со сопругата на пејачот Гоца Шаулиќ земале пари ондпред.
Тој одлучи да се огласи по написите дека земал 400 000 евра однапред за настапите на пејачот, а според пишувањата Шабан имал договорено тезги до 2021 прва година.
„Не мислев да реагирам на овој напис во овој таблоид, но морав само заради оние кои не ме познаваат добро. Да појасниме некои работи во овој наслов и точно за што се работи. Ми се јавува новинар и тврди дека сопственик на клуб од кој сум земале пари јас и Гоца, тврдел дека не се јавувам на телефон. Исто така дека и Гордана не се јавува. Станува збор за цифра од 400 000 евра. Не треба на паметен човек да му објаснувам кога си во бизнис, а кога ќе си замине од несреќен случај, зад себе остава многу неисполнети желби, како и работа која е недовршена, така да тука нема што да се додаде, освен тоа што останаа да се одредат некои термини кои веќе се платени. Споменувањето на 2021 година и пари околу осигурувањето навистина е надвор од памет. Што е најтрагично пишуваат дека јас тврдам дека Гоца земала пари до 2021 година. Па, ве молам зошто тоа да го кажам за жена со која соработував со години? Тоа е лага. Исто така лага е приказната дека сме недостапни. Уште сакам да кажам дека хонорарот се плаќа пред настап. Па што има лошо во тоа што народот ти верува и плаќа? Зошто да не наплати. Тоа би го правел секој пејач кој има таков статус, но не можат тоа задоволство да си го дозволат бидејќи ќе останат без работа. Зарем не е успех во животот да постигнете луѓето да ве почитуваат? За било која професија да се работи, не само во бизнисот или пак некој ви позајмува пари за да успеете во животот. Но, изгледа дека на Балканот е срамота да кажеме дека позајмуваме пари за да успееме. Тоа е твој успех кога покрај себе имаш пријатели кои ќе ти помогнат да го исполниш сонот и да успееш во животот. Само искомпликсираните кријат дека се должни, а не знаат дека задволство е да кажете дека некој ви помогнал, бидејќи тогаш можеш да покажеш дека вредиш кога имаш пријатели“ напиша Сабит на својот „Фејсбук“.
За потсетување, Шабан Шаулиќ почина во тешка сообраќајна несреќа во Германија.