Миа Костова слободно може да биде прогласена за јавна личност која најмногу комуницира со своите следбеници и фанови на социјалните мрежи, особено Инстаграм каде е активна од утро до мрак.
Миа приватноста од своето секојдневие ја сервира на тацна за јавноста, па кога некогаш на кратко ќе ја снема, прашање е што ново и бомбастично ќе објави на својот профил.
Познато е дека ги зголеми градите и усните, користи разни естетски третмани за лице и тело, но освен овие трендови за убавина, Миа е навлечена и на тетовирање.
Таа досега има направено неколку тетоважи, најмногу на нејзината рака, а девовиве се реши да направи уште една со исплазен јазик. Велат дека оние што еднаш се истетовирале, кога-тогаш повторно ќе го направат истото, а познатата ТВ водителка е пример дека тоа е навистина така.
Неделава повторно отиде во своето омилено тату студио каде на раката додаде уште една тетоважа, а истото секако го покажа пред сите.
Што е значењето на новата боја во себе која ќе ја носи целиот живот, знае најдобро самата.