Радио Милева

Ретро фотографија: Ќе познаете ли кои македонски ѕвезди се на фотографијата? (фото)

Ретро фотографија: Ќе познаете ли кои македонски ѕвезди се на фотографијата? (фото)

Mакедонските јавни личности често се актуелни на социјалните мрежи и објавуваат дел од своите активности.

Меѓутоа, некогаш знаат да споделат и некоја фотографија од нивната архива. Неодамна на социјалните мрежи владееше новиот тренд „10 years challenge“, па познатите споделуваа фотографии од пред 10 години.

Некои се промениле, а некои изгледаат речиси исто, дури и поубаво.

Деновиве на профилот на „Инстаграм“  на „Утринска на Телма“ осамна фотографија од нашите македонските ѕвезди од 90тите.

Ќе препознаете ли кој ѕвезди се на фотографијата?

фото: принтскрин/инстаграм

Една од нив е Каролина Гочева која денес важи за една од најпознатите пејачки и најдобар македонски вокал.

фото: принтскрин/инстаграм

Таа пред  две година се омажи за својот партнер Михаил Корубин, а за својот приватен живот не сака многу јавно да зборува.

Исто така нејзиниот последен албум „Извор“  беше успешно примен од публиката и успеа неколку пати по ред да ја наполни салата во „Македонската Опера и Балет“.

фото: Принтскрин/инстаграм/каролинагочева

Друг на фотографијата е македонската легенда која за жал повеќе не е меѓу нас, Тоше Проески. Тој беше еден од најдобрите вокали на Балканот, а неговите песни и денес се најпознати.

фото: Принтскрин/инстаграм

За жал, Тоше почина во сообраќајна несреќа во Хрватска во 2007 година.

Други на фотографијата се Нокаут, кои во 2018 година го прославија 20 роденден со бројни настапи низ Македонија.

Франц по кавгата со Пере замина од бендот и замина да живее во Америка, а за жал во 2013 година Аца Конга почина.

 

To top