Еден од актерите во документарецот „Leaving Neverland“, Џејмс Сејфчак, открива дека Мајкл Џексон во ходникот до својата спална соба имал алармен систем кој го предупредувал дека некој се приближува до собата. Актерот Меколи Калкин, кој во детството се дружеше со Џексон, уште пред 14 години на суд ја кажа истата работа.
-Постоеше тој премин сличен на ходник, а кога некој се приближуваше до спалната соба, алармот ѕвонеше. Кога некој доаѓа сигурно ќе се слушнеше тој аларм, кажа Калкин во своето сведочење во корист на Мајкл Џексон.
По неговото сведочење кралот на попот беше ослободен од тужбата за злоставување деца. Сејфчак тврди дека бизарниот хофник не бил единствениот сомнителен елемент на ранчот, туку дека таму се наоѓале низа соби кои на Џексон му служеле за злоставување.
Кога на суд во 2005 година го прашаа дали Мајкл некогаш непристојно се однесувал и го допирал, Калкин категорично одговори со: „Апсолутно не“.
-Колку што знам јас, никогаш не ме злостави. Мислам дека би сфатил да се случело нешто такво, кажа тогаш Меколи.