Радио Милева И пукна филмот

Луна и го уништи животот во Србија: Анабела се сели од Белград во Сараево! (ФОТО)

Луна и го уништи животот во Србија: Анабела се сели од Белград во Сараево! (ФОТО)

Иако ја поддржа  одлуката нејзината ќерка Луна  да се натпреваруваат во едно од најпопуларните реални шоуа, Анабела сфатила дека притисокот од јавноста и медиумите не беа баш пријатни за неа, и тоа влијаело таа  итно да го напушти Белград. Имено, во договор со нејзиниот сопруг, Андреј Атијас одлучила да отпатуваат за Сараево, каде што живееја до пред неколку години.

„Анабела е многу погодена од се што и се случува на Луна. Иако создава јавен имиџ дека ситуацијата со со Луна не е толку страшна, таа сè уште страда. Тешко и е да гледа како ја напаѓаат  ќерка и во реалното шоу и тоа дека секојдневно се пишува за Луна. Најчесто тоа се некои лошите работи кои на Анабела и предизвикуваат болка, а таа веќе нема сила да се справи со секоја новонастаната ситуација“ – открива извор близок до пејачката за медиумите, додавајќи:

„Нејзиниот сопруг Андреј продолжува да функционира на реалција  Белград-Сараево поради приватниот бизнис со кои се занимава, па Анабела и тој се согласија дека ќе биде најдобро ако, по Нова Година, тие се вратат во станот во Сараево, каде што претходно живееле, за барем на момент да побегнат од целиот тој метеж“ вели изворот.

Одлуката за преселбата, исто такаја прифатиле и нивните помали ќеркички, кои повеќе сакаат да живеат во Босна,  а Анабела планира на настапи да оди од Сараево.

„Таа не помислуваше дека учеството на Луна во Задруга ќе предизвика толку големо  вниманието во јавноста. Ниту пак и паѓало на памет дека ќе се случи љубов помеѓу ќерка и’ и Слоба,  ситуација која во многу што го влошила животот на Анабела во Белград. Иако сите велат дека ја поддржуваат, таа забележува дека луѓето се завидливи и ја озборуваат штом ќе се заврти. Таа по природа е многу кревка и кршлива и повеќе не може да издржи“.


И покрај метежот што владее околу Луна, Анабела не дозволува никој да ја „валка“ нејзината ќерка.

„Секогаш кога ќе чуе некој дека зборува лошо за Луна, Анабела веднаш се фаќа во костец со него. Таа не сака да слуша лоши работи за своето дете, и тешко ги прифаќа. И покрај јавната осуда, Анабела ја поддржува нејзината ќерка и не и пречи што таа влезе во врска со Слоба. Таа смета дека љубовта победила и на тој начин ја оправдува „забранетата врска на нејзината ќерка и фолк пејачот.

„Пред војната живеев во Сараево и најубавите спомени и сеќавања ме врзуваат за овој град. Имам сестри и пошироко семејство, а и со Андреј се запознавме во Сараево. Уживам кога сум таму, опкружена со луѓе кои безусловно ме сакаат и кои се подготвени да направат се’ за мене. Сакам да бидам таму каде што секогаш се чувствувам како дома и каде навистина имам мир. Повеќе не можам да доживувам стресови поради сите овие  глупости. Едноставно се заморив“ – изјавила Анабела.

To top