Радио Милева

Каролина Гочева извади фотографија од архива, а следбениците ја искритикуваа (фото)

Каролина Гочева извади фотографија од архива, а следбениците ја искритикуваа (фото)

Таа важи за една од најубавите пејачки на домашната естрада, а по издавањето на првиот албум нсловен „Македонско девојче“, Каролина Гочева не ретко од медиумите и публиката е именувана така.

За нејзината вокална моќ би било излишно да се коментира, па кога е во прашање нејзината кариера, Керол низ годините со својата музика има фанови од сите возрасти. Вчервачер на својот профил на Инстаграм таа објави фотографија од далечната 2001 година, направена на фотосесија за вториот албум.

Во описот на фотографија каде има црна коса и е помлада цели 18 години, од многуте следбеници доби само пофалби за изгледот, кој според напишаните коментари многумина и порачаа дека повторно сакаат да ја видат со црна коса и дека подобро и прилега.

фото:инстаграм/каролина гочева/Кире Галевски

Мегу многуте ласкави епитети, некои пак сакаа да и посачат дека тогаш изгледала многу подобро од сега, па и порачаа дека дека сега е слаба и треба да качи некој килограм повеќе.

Преубава беше тогаш, еве и самата слика кажува, а сега си премногу слаба и таквата светла боја на коса не ти стои воопшто, гласи еден од коментарите.

Сепак, доминираа оние кои се восхитуваат на Каролина, онаа од сега или пред 18 години.

Никој од нас не е имун на промените на времето… Секоја година сме позрели, поискусни, поинакви… Но коментарите дека е слаба, останаа да ја следат Каролина целата кариера.

 

To top