Ромео Бекам, помладиот син на Викторија и Дејвид Бекам е во врска со Мили Боби Браун, актерката од хит серијата “Stranger Things”.
Познатиот пар се запознал пред три години на хуминатарна гала вечер на Уницеф кога Милие како една од амбасадорките на сцената се појавила заедно со Дејвид Бекам.
По таа вечер, Мили се огласи на социјалните мрежи и истакна дека таа вечер ќе ја памети.
Младиот пар почнал да се забавува пред неколку дена, потврди „The Sun“.
„Заедно се само неколку дена и се многу убав пар. Викторија им го даде нејзиниот благослов“ вели извор.
Семејството Бекам и Браун засега не ги коментирале овие вести.