Радио Милева брачната понуда (не) важи?

Гледач и понуди 50.000 лева на бугарската ТВ водителка да се омажи за него… Но, само да знаете какви понуди добија една ТВ новинарка и популарниот ТВ готвач

Гледач и понуди 50.000 лева на бугарската ТВ водителка да се омажи за него… Но, само да знаете какви понуди добија една ТВ новинарка и популарниот ТВ готвач

Гледач на бугарската ТВ водителка Гала, и ја понуди својата заштеда од 50.000 лева ( околу 25,000 евра) за да стане негова жена.

Русокосата домаќинка на емисијата „На кафе“ не пропушти да ја прокоментира понудата со фактот дека инфлацијата и возраста очигледно и ја намалиле цената и за 50 илјадарки, не се дава!

Емитувањето во живо на емисијата „На кафе“со вклучување на гледачите ги провоцираше тие да излезат со свои брачни предлози: што, колку и кому?

Кулминација беа предложените 100 литри ракија, 1 свиња и автомобил „Москвич“ за раката на ТВ новинарката и репортерка, Ева Веселинова.

Приказната за понудениот чеиз беше префрлена и на мажите во студиото, а врвот го достигна кога анонимен гледач  понуди 300.000 лева и куќа во Дубаи за готвачот шеф Дани Спартак од кулинарското ТВ шоу „Пеколна кујна“!  Очигледно некој баеги го бендисал… неговото мени!

To top