Мелиса Асли Памук, турската актерка, модел и победничка на мис Турција и мис на универзум во 2011 година, повторно е слободна.
Таа и нејзинот партнер, актерот Толга Сала решиле да стават крај на 10 годишната врска, пишуваат турските медиуми.
Тие речиси една деценија живееја заедно, но решиле да ја прекинат романсата и секој да тргне по свој пат.
Толга за медиумите ја потврди информацијата и изјавува дека се разделиле на мирен начин и решиле да останат пријатели.
Инаку, Мелиса Асли Памук стана попозната по улогата на Асу во хит серијата „Карасевда“.