На 25 март – понеделник во Македонски народен театар ќе се одржи хуманитарен концерт – класична музика.
На концертот ќе настапат Слободанка Ничевска – виолина, во пијано придружба на Магдица Манасиева.
Специјален гостин на концертот ќе биде познатитот и еминентен виолинист, професор Михаило Куфојанакис .
Да бидеме хумани, да им помогнеме на оние на кои најмногу им е потребно.
Да се собереме сите на 25 март – понеделник во мала сцена во МНТ.
Влезот е бесплатен, а билетите може да се подигнат од благајната на МНТ на 25.03. од 19-20 часот.
Концертот почнува во 20:00часот.
Концертот ќе има и хуманитарен карактер, ќе има кутија за донации. Собраните средства ќе бидат за Тоше Илиевски кој боледува од рак на линфни јазли.
Влезот е слободен, гратис картите можат да се подигнат на денот на одржување на концертот, во период од 19-20h од билетарата на МНТ.