Почитувани вински пријатели!
Ве покануваме на мартовско “Bring Your Own Bottle” винско дружење во петок на 22-ри март од 20 часот во “The House – Д Хаус”.
Форматот на дружењето е на принципот “Bring Your Own Bottle”. Секој од гостите споделува флаша вино. Сите вина се отвараат и дегустираат за време на дружењето.
Партиципацијата е 300 ден. по лице + флаша вино. Во цената е вклучено храна и Corkage Fee (надомест за вински сервис). Винското дружење ќе биде зачинето со селекција на одбрани деликатеси (сирења, сувомеснати производи, маслинки, производи од вргањ, маслинови масла, пекарски производи…).
Покрај споделените вина, ќе имате можност да дегустирате и млади вина од 2018 берба од неколку македонски винарии.
Забавата е од отворен тип, сите се добредојдени. Просторот од барот ќе биде исполнет со високи маси и столици. Храната и вината ќе бидат изложени на посебна маса и секој од гостите ќе може сам да се послужи.
Понесете флаша вино и дојдете да ја отвориме пролетта!
Место: The House – Д Хаус (Стив Наумов 102-Д, Скопје)
Датум: Петок, 22-ри Март 2019
Време: 20:00 часот
Повеќе информации на: 070 223 887