Социјалните мрежи го дочекаа новиот тренд, за кој се верува дека е лансиран од Кајли Џенер. Иако овој потег се чини дека е случајност, всушност е најсексапилната поза што ја прават жените.
Во прашање е прст низ усните, што делува спонтано на фотографиите. Популарниот термин за овој тренд е “fingermouthing”.
Една од сестрите на најпознатото семејство на светот, Џенер-Кардашијан, “fingermouthing” и беше единствената светла точка во темнината, бидејќи, како што неколкупати повторуваше во интервјуата, се чувствувала несигурно заради нејзините тенки усни.
Психолозите тврдат дека полускриеното лице (или барем еден дел) и дава доза на мистеријата на вашата фотографија, а на вашите следбеници им ја скокотка имагинацијата.