Радио Милева

„Болката не може да ја снема“: Андријана Јаневска пред камера проговори за еден од најтешките моменти во животот

„Болката не може да ја снема“: Андријана Јаневска пред камера проговори за еден од најтешките моменти во животот

Пејачката и виолинистка, Андријана Јаневска, деновиве не само што е поактивна на социјалните мрежи, туку реши да се појави и пред камерата на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“.

Музиката и она што го работи секако беше тема на која најмногу говореше, но исто така откри и декатали за немилите настани во својот живот.

Андријана Јаневска во интервјуто за прв пат во јавноста прозборе за смртта на својата мајка. Таа вели дека искрено се надева оти времето лечи се и дека болката со текот на времето која што ја чувствува после нејзиното заминување ќе ја снема.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrijana Janevska (@andrijana_janevska) on

 

Велат дека времето лечи се и јас искрено се надевам дека тоа е така. Болката не може да ја снема, но мораш да научиш да живееш со неа. За мене семејството е се’ и многу ми е важно и со помош на моите деца, сопруг се обидувам да го надминам тоа, откри пејачката за „Бекстејџ“ која после подолга пауза се враќа на музичката сцена и тоа со песна на хрватски јазик.

После повеќе од 20 години сосема случајно добив покана да снимам песна на хрватски јазик, потпишав договор со продукција од таму и веќе е снимено и видеото за првиот сингл. Имаме големи планови, но не можам да откријам се“, кажа пејачката.

 

View this post on Instagram

 

Дел од гостувањето во Backstage! ??? #interview #backstage #newsong #delgado

A post shared by Andrijana Janevska (@andrijana_janevska) on

To top