Радио Милева

(ФОТО) Прво појавување на Меган Маркл со кралското семејство, а веќе и се смеат!

(ФОТО) Прво појавување на Меган Маркл со кралското семејство, а веќе и се смеат!

Свршеницата на принцот Хари, Меган Маркл уште еднаш ја прекрши традицијата кога за првпат се појави во јавност со кралското семејство.

Таа со нив се појави во црква во Сандрингам, што е божиќна традиција, но помалку е прекршена бидејќи Меган и официјално не е дел од кралското семејство.

Нејзиното присуство заедно со кралското семејство беше најавено, па сите очекуваа што ќе облече на себе и како ќе изгледа.

Идната војвотка Меган реши да игра на сигурна карта, па облече беж капут, кафена чанта и ракавици, но шапката на нејзината глава привлече најголемо внимание, но и потсмев на социјалните мрежи.

На некои му им се допадна, на други не, а познато е дека шапката е дело на креаторот Филип Трејси и чини 1400 евра. Дали ви се допаѓа како изгледаше Меган?

To top