Таа и минатата година беше дел од евровизискиот тим, придружувајќи ги како вокал колегите од „Ај кју“ во Лисабон, во нивната изведба на „Lost And Found“ (Изгубено и најдено). За жал, заедно со Марија и Бојан како македонски евровизиски репрезенти „се изгубија“ продолжувајќи ја низата на неуспеси со невлегување ниту во финалната вечер. Во меѓувреме, за возврат убаво и тргна солистичката кариера. Една-две одлично прифатени нови песни и победа на најзначајниот македонски фестивал на забавни мелодии, па на интернационален фестивал во Брашов, Романија….
Годинава таа повторно се враќа на сцената на најпопуларниот европски фестивал и овој пат во истата функција… Само главниот пејач е друг! Како придружен вокал на Тамара Тодевска, чија евровизиска песна секојдневно добива сè повеќе пофалби и собира аплаузи, како дома, така и од евровизиските обожаватели.
Антониа Гиговска веста дека и годинава повторно биде дел од Евросонг ја сподели на приказните од својот Инстаграм профил. Засега се знае само за неа… Кои ќе бидат останатите придружни вокали, чекаме да дознаеме наскоро.
Во меѓувреме, популарноста на Гиговска расте. Актуелна и особено забележана со своите настапи при учеството во специјалната емисија на „Пинковите ѕвездички“, во чии рамки продолжува да ги воодушевува и публиката и жирито со прекрасните изведби на познати хитови.
„Ако згрешам нека изгорам“, како да беше врвот! Песната оригинално отпеана од македонската фолк легенда, покојниот Пепи Бафтировски, а подоцна препеана од Каролина, Антониа ја испеа со многу чувства, жар, емоции и душа. Кулминација на можностите или Антониа може ниво погоре, останува да видиме? Во меѓувреме, со душа чекаме и таа заедно со Тамара и екипата годинава да не направат горди, па да се најдеме во финалето, а зошто да не и повеќе од тоа? „Никогаш не вели никогаш“… Впрочем… „Ако (з)грешам, нека изгорам“!
https://www.youtube.com/watch?v=0P0u1hhs4Mc