Некогаш беше најпознатото момче на светот, а се прослави со улогата на волшебник.
Актерот Даниел Редклиф, кој со години го следи прекарот Хари Потер, денес е непрепознатлив во однос на момчето кое го паметиме од филмот.
Редклиф моментално снима нов трилер „Escape from Pretoria“, по вистинска приказна, каде го глуми Тим Јенкин, јужноафрикански активист кој бил политички затвореник кон крајот на 70-тите.
Јенкин со уште двајца успева да побегне од затвор. Актерот, кој оваа година ќе наполни 30 години, речиси е непрепознатлив со долгата перика, брадата и очилата.
Филмот е во режија на Франсоа Анан, а покрај редклиф глумат и натан Пејџ и Марк Леонард Винтер.