Радио Милева

Два дена по свршувачката на Џенифер Лопез се појавија шпекулации дека свршеникот ја изневерува

Два дена по свршувачката на Џенифер Лопез се појавија шпекулации дека свршеникот ја изневерува

Алекс Родригез на 9ти март ја побара за сопруга Џенифер Лопез со која е во врска од февруари 2017 година.

Со денови се зборува за свршувачкиот прстен на Џенифер Лопез.

По убавите вести настана и скандал.Имено, бејзбол играчот Хосе Канеско преку социјалната мрежа Твитер истакна дека Алекс Родригез ја изневерува Џенифер Лопез со неговата поранешна сопруга.

„Ја гледам емисијата „The world of Dance“ и како Џенифер Лопез му пишува на Алекс Родригез. Дали знае дека ја изневерува со мојата поранешна сопруга Џесика? Кутрата жена, таа не знае кој е тој навистина“ напиша Хосе.

фото: Принтскрин/твитер/хосеканеско

„Алекс престани да бидеш ѓубре и да ја изнверуваш Џенифер Лопез“ напиша во следниот твит.

фото: Принтскрин/твитер/хосеканеско

Меѓутоа, по нападот на фановите, Хосе напиша уште еден твит во кој кажа дека е подготвен да докаже дека е точно тоа што го зборува.

фото: Принтскрин/твитер/хосеканеско

Како што објасни,пред неколку месеци присуствувал на телефонски разговор кога Алекс се јавил на неговата поранешна сопруга.

За потсетување, откако во 1997 Канеско физички ја нападна бившата сопруга Џесика беше осуден на условна казна затвор од една година.

To top