Поранешниот српски кошаркар Марко ЈАриќ некогаш беше оженет со една од најубавите жени на светот, Адријана Лима, а со неа има две ќерки, Валентина и Сиена.
Сепак, нивниот брак пропадна, а Јариќ започна нова романса со ништо помалку убава избраничка.
Тој неодамна на Инсатграм објави фотографија на која држи за рака дама на која не и се гледа лицето, а потоа објави и видео од кое не добро се гледаше атрактивната и тогаш мистериозна девојка.
Сепак, светските медиуми пишуваат дека станува збор за Бони Мјулер, манекенка од Америка, а со Јариќ романсата веќе ја криеле подолго време.
Кога ги гледате нејзините фотографии, ќе заклучите дека Бони е повеќе од достојна замена на Адријана, барем кога станува збор за убавината.
Инаку, Лима многу порано од својот екс-сопруг ја откри својата љубовна романса со турски писател.