Мегафон

Преку програмите „Еразмус +“ организирана е теренска пракса и обука на кандидатите и наставниот кадар од приватниот центар за стручна обука „Академија Леонтиќ“ – Скопје

Преку програмите „Еразмус +“ организирана е теренска пракса и обука на кандидатите и наставниот кадар од приватниот центар за стручна обука „Академија Леонтиќ“ – Скопје

Дел од активностите на  ПРИВАТНИОТ ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНА ОБУКА „АКАДЕМИЈА ЛЕОНТИЌ“ –СКОПЈЕ се подготовките на Европските проекти преку програмата на ЕРАЗМУС+ КА1 . Благодарение на долгогодишната  соработка со НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ. Како дел од секторската програма ЕРАЗМУС+, проектите К1,  кандидатите  и наставниот кадар имаа можност да ги посетат стручните училишта и центри во Европа и да бидат дел од обуките и праксата што ја овозможуваат,преку проектот,,Practice and Management for hair stylism,fashion stylism and make up” КА1 регистарски број 2018-1-МК01-КА102-046881.

Првата посета се реализира во период од 17.01. до 02.02.2019 година,со посета на  училиштето во Рига,Латвија,,Riga Style and Fashion Technical School.’’ На  оваа  мобилност  беа 10 кандидати и едно придружно лице.

Втората посета се реализира во период од 11.02.-27.02.2019 година ,десет кандидати и едно придружно лице беа на мобилност во  училиштето во Витербо,Италија ,, HIGH SUPERIOR VOCATIONAL SCHOOL ITALY-VITERBO’’.

Во овие две стручни училишта, кандидатите и придружните лица, имаа можност да ја согледат наставната програма,кои техники и вештини се изучуваат во делот од личните услуги за фризери,козметичари,масери и шминкери,а вооедно како е вклопен во истата програма и модниот стилизам.

Додека во училиштето во Витербо,Италија,училиштето искључиво ги изучува кандидатите и учениците од областа на модата.Кандидатите имаа прилика да бидат вклучени во две различни програми кои беа подготвени од страна на училиштето,вооедно во програмата беа вклучени и посета на  културни споменици и знаменеитости, а сето тоа благодарение на  добрата организација на партнерите што нè прифатија и ги организираа за нас дневните активности и програмата за обука.

Третатата посета беше во период од 30.01-10.02.2019година  за двајца наставници  на обука во Мадрид,Шпанија во домаќин центарот,,Centro de Educación de Personas Adultas de Paracuellos de Jarama”,а воедно беа посетени уште три стручни училишта и се следеше нивната наставна програма за време на практичната обука.

Оваа можност е од големо значење како за училиштето така и за самите, кандидати и за работниот наставен кадар, зашто им овозможува одржување чекор со сите новитети во козметичката, фризерската, масерската и шминкерската професија,а вооедно и модниот стилизам.Учењето преку индивидуални мобилности создава можности за индивидуите да ги подобрат своите вештини, подобрување на вештините за вработување како и запознавање нови култури и зголемување на културната свест, различноста и прифаќањето на нови традиции, начини на протокол на работа, учење јазици, што придонесува за поттикнување на европскиот дух и припадност на европската заедница.

Кординатор од Скопје,на овие проекти е мајстор-предавач Васка Леонтиќ, која со години настојува да ги привлекува партнерите од странство и да го пренесе своето долгогодишно искуство и да ја претстави Македонија како добар домаќин, а не само наши кандидати да ги посетуваат  странските  училишта и институции, туку овие мобилности да бидат взаемно посетени и училиштата да продолжат во партнерски развој.

Придобивката од овие мобилности не е само во изучувањето на новитетите од стручната област. Најмногу придонесува кандидатите  да се навикнат на различен  систем на работа, да бидат самостални, да се прилагодат во нови услови на живот подалеку од кругот на семејниот комодитет, тимски да соработуваат и самостално  да водат грижа за себе. Најзначајно од овие мобилности, од сето горе наведено, е реалноста за животот низ европските земји. Кандидатите  имаат прилика да ја видат реалната состојба и да направат споредба со својата култура и традиција на живот, динамиката и начинот  на работа, а со ова се менува и свеста и размислувањето дали да се замине од својата татковина и да се работи во странство или да се реализира сонот во својата татковина, за тие кои имаат визија и желба за развој на сопствениот имиџ и кариера.

Придобивката за наставниот кадар, придружните лица и кординаторите на проектите, е од огромно значење. На овие мобилности се изучуваат нови методи и техники на предавање, програми кои се изучуваат во делот од личните услуги и како се комбинираат модулите, посебно за најновата програма што изминатите години се применува во стручните, техничките училишта и центри, во областа на личните услуги, а тоа е предметот   МОДНИОТ СТИЛИЗАМ.

Дологогодишниот кординатор на европските проекти, Васка Леонтиќ, кои со години ги реализира, подготвува и раководи со кандидатите  и наставниот кадар  како во Македонија како домаќин, така и надвор од татковината како учесник, на сите мобилности како предавач и кординатор на овие проекти, самата го пренесува искуството и вели:

„Имав многу плодна соработка со трите средни стручни училишта и обучни центри, можност да ја согледам придобивката од тие три училишта и центри на овие мобилности, а од сето стекнато искуство и добра соработка со раководителите и предавачите од Европска Унија, да ги воведам и ги напишам модулите за верификација на најновите модули и вештини на обука и техники кои се применуваат во модниот стилизам.“Од оваа учебна 2019 година Приватниот Центар за Стручна Обука ,,Академија Леонтиќ’’ започнува со редовна настава од областа на МОДНИОТ СТИЛИЗАМ,благодарение на обуките преку ЕРАСМУС+ се напишаа и најновите модуларни програми.

To top