Радио Милева го дочека со престилка

Миро Кацаров на прашка пролет во љубов без лимит: Македонски домазет, најдобар на свет! (ФОТО)

Миро Кацаров на прашка пролет во љубов без лимит: Македонски домазет, најдобар на свет! (ФОТО)

Познато е дека водителот на најпопуларниот и најгледан ТВ магазин „Бекстејџ“, е во љубов… на дистанца! Зашто, неговата девојка не е Македонка и не е во Македонија, туку неговата драга живее по Прага.

Затоа Миро Кацаров секоја прилика ја користи да и оди на гости или да ја покани таа да дојде кај него. Овој пат  „Миро – Де Ниро“ украде некој слободен ден, па го фати првиот лет и се упати кон чешката престолнина… На прашка пролет!

А таму, го пречека таа – неговата љубов, неговата „красиваја дјевушка“, атрактивната Наталија, родена Украинка која со години живее и работи како маркетинг менаџер во Прага.

Времето лимитирано за љубов без лимит… Па затоа решија да го искористат на најрационален и најдобар можен начин – дома! За одблизу „да се видат“, подобро да се запознаат, да се убедат во можностите, способностите и квалитетите на партнерот! Па ако го бива… може сериозно да се подразмисли!?

Домаќинката за нас е непозната, ама затоа зетот… и тоа како го знаеме! А информациите од Прага велат дека ептен се покажал… Најмногу во кујната! Не дознавме само дали специјалитетот бил македонски, ама сеедно… Госпоѓица Еремина си најде достојна замена. Доби обилна и вкусна порција и проверен кандидат за маж!

А наш Миро  – „Де Ниро“, доби престилка, титула кујнски шеф и грст комплименти дека е… македонски домазет, најдобар на свет!

До душа со мало предупредување, да не и ја пресоли порцијата, што Миро внимателно го испочитува. Не дознавме само дали доволно и го з(а)биберил… јадењето!?

 

To top