Поп дивата и актерка Џенифер Лопез не може да ја сокрие насмевката од лицето, откако на одмор кој заедно го испланираа, нејзиниот сакан Алекс Родригез ја запроси по две години врска.
Иако одморот на кој заминаа беше испланиран до најсител детаљ, Ценифер не насетувала дека Алекс ќе ја запроси.
Тоа се случило на плажа, а гордата Џеј Ло го покажа скапоцениот прстен кој вреди милиони.
Истата фотографија ја објави и нејзиниот свршеник, но и некој детаљ повеќе.
Потсетуваме, Алекс Родригез од претходнот брак со Синтија Куртис има две деца, додека Џенифер во брак беше трипати, а од љубовта со Марк Ентони има две деца.