Хуманитарното шоу ТЛЗП заврши пред седум дена, а кик-боксерот ненад Пагонис и пејачката на „Министерки“, Едита Арадиновиќ се во војна.
Едита тврди дека пагонис лажно се претставува и според нејзино мислење тој има анимозитет кон неа.
-Искрено, момчето генерално е ок. Мислам дека секој маж го удара суетата кога некоја жена ќе го одбие. Тој се претставува како хуманист и спортист, но јас мислам дека има уште доста да работи на себе. Луѓето од ТЛЗП кажаа дека се разочарани од тоа што изјавил дека мешам алкохол и таблети. Тоа нека му стои на честа. Кога јас би кажала уште за него, тоа може сите да ги шокира, вели Едита за српски „Ало“, а пак ниту Ненад не и остана должен:
-Не сакам да ја коментирам Едита и да се спуштам на нејзино ниво. Јас сум спортист кој има изградена кариера, а таа пејачка која допрва се пробива. Јас не ја навредив, како што таа тврди и дегутантно ми е да зборувам на таа тема. Тоа што кажала дека секој маж има суета кога жената го одбива, слатко ме насмеа, вели Ненад Пагонис.