Популарниот детски фестивал „Поточиња“ по 16. пат ќе се одржи на 30 и 31 март 2019 година на сцената на Македонската опера и балет. Распеаните и разиграни учесници на публиката ќе претстават уште една нова фестивалска приказна исполнета со 15 нови детски песни. Програмата ќе биде збогатена со специјално изработени анимирани цртани филмови соодветни за секоја тема од песните кои ќе бидат изведени на фестивалот.
Домаќин на публиката и оваа година ќе биде актерот Мартин Јорданоски кој ќе ги води дечињата низ приказната на Поточиња во улогата на маскотата Поки.
Од организаторот, „Пап продукција“, информираат дека сѐ е подготвено за уште една голема детска забава и дека на репертоарот се закажани шест претстави со почеток од 11.00, 13.00 и 19.00 часот во двата дена. Билетите може да се набават во „Југотон“, билетарницата на МОБ и онлајн на www.jugoton.mk и www.babyshop.mk.