Една од најголемите поп ѕвезди во светот, Ријана од секогаш го привлекува вниманието со своето ексцентрично однесување и интересни модни креации со кои се издвојува од останатите светски познати личности.
Колку влијание има Ријана во светот, говори фактот дека работите со нејзино име ги снемува со брзина на светлината, па не е чудно то неодамна како дизајнерка на патиките „”Fenty x Puma Creeper“ ја добила наградата „ Чевли на годината“.
Но, овојпат Ријана ги шокираше сите присутни кога на забава во Њујорк се појавила во црно-сива кошула, капа и чудни чевли на нозете. Поточно чевли со пластична кеса.
Ријана се нашла на мета на негативни коментари кај модните критичари, но и кај останатите, а имало и такви на кои им се допаднале, па го оправдале потегот на Ријана, дека нејзе се и е дозволено.