Хрватските медиуми брујат за наводно прекинување на соработката и пријателството меѓу Северина Којиќ и нејзиниот менаџер Томица Петровиќ, која траеше цели 17 години.
Имено, според хрватскиот “Јутарњи лист” и зборовите на нивниот извор, наводна одлука да се стави точка на нивната соработка дошала по кавгата во која Северина Којиќ и Томица Петровиќ, наводно, разменувале многу тешки зборови и обвинувања.
Според една верзија на приказната, Петровиќ ја откажал натамошната соработка со пејачката, а според друг, Севе била таа му рекла дека повеќе немаат што да работат заедно и наводно, им ја објавила својата одлука на блиски луѓе на 3-ти март.
Северина и Томица се’ уште не се огласиле по оваа вест, која осамна во медиумите во регионот.