Документарниот филм „Leaving Neverland“ кој излезе во јавност и ги третира обвинувањата за педофилија кон Мајкл Џексон предизвика лавина од реакции. Двајцата мажи кои јавно го обвинија кралот на попот за сексуална злоупотреба кога биле деца добија огромна поддршка од целиот свет.
Но, други се сомневаат во вистинитоста на приказната затоа што ова се прави по смртта на Мајкл и не можеме да ја чуеме неговата страна од приказната.
Џејмс Сејфчак и Вејд Робсон им ги скршија срцата на сите откако проговорија за тоа како биле пресреќни што ќе ја запознаат мегаѕвездата, но нивниот идол сексуално ги злоупотребил кога едниот имал 10, а другиот само 5 години.
Во нивниот глас се слуша болката и траумата кога говорат што се случило, а се забележуваат и нивните измешани чувства кон Мајкл Џексон, кој бил одличен манипулатор што дури ги заслепел и нивните семејства.
Некои светски радио станици во Канада и Нов Зеланд забраниле емитување на музика од Мајкл Џексон, иако неговите фанови велат дека ужасното дело што го сторил не треба да се поврзува со неговата легендарна музика.
Џејмс Сејфчак имал 10 години кога го запознал Мајкл на снимањето на една реклама, а пак Вејд Робсон имал 5 години кога го запознал Мајкл на еден танцувачки натпревар. Тој ги опсипувал со внимание и подароци нив и нивните семејства. Неговата куќа лоцирана на имотот како од бајка наречен „Неверленд“ имала прегрст тајни соби, скриени спални, изолирани бањи и гостински соби низ кои биле рафрлани купишата играчки, а насекаде имало вазелин и биле поставени аларми, кои веднаш алармирале штом некој ќе ја стапнел првата степеница на приземјето. Таму „кралот на попот“ ги правел своите блудни дела со децата!
Семејството на Мајкл Џексон, се разбира, ги негира обвинувањата.
Инаку, Робсон во едно поодамнешно судење додека Мајкл бил жив сведочел дека спиел многу пати во собата на Мајкл, но дека пејачот никогаш не го злоупотребил сексуално. Но, сега откако добил син Робсон тврди дека чувствува одговорност да ја каже вистината пред светот. Слична ситуација имаше и Сејфчак.
Во 2013 година траумата ги натера да се соочат со фактите и кажаа дека Мајкл Џексон ги злоупотребувал сексуално и силувал.
Психолозите тврдат дека многу пати при сексуална злоупотреба на деца се формира силна врска помеѓу жртвата и предаторот и дека таа врска трае многу, многу години, токму како што е во овој случај.
Извор: Си Ен Ен Пипл
Фото: Јутјуб скриншот