Саша Матиќ на полиграф одговараше на интересни прашања од неговиот приватен живот.
Тој откри дека редовно посетува теретана, но и дека може да ги процени луѓето, како и која пејачка од естрадата е згодна.
Тој призна дека во една прилика му понудиле и наркотици.
„Ме праша еден сопственик на клуб дали сум уморен и јас реков да. Тој извади ќесичка и јас му кажав: „Пријателе, можемо ли на чорба и ќебапи“ изјави Саша.
Матиќ откри дека во детството не разговарал со својот брат Дејан.
Кога биле мали Дејан го тепал Саша, а потоа пред да се врати нивната мајка го молел да не му биде лут.
Саша бил многу потресен од смртта на Шабан Шаулиќ, така што паднал во депресија.
„Смртта на кралот на народна музика ме скрши толку многу што не можам да ви опишам“ изјави Матиќ.