Пејачката Џесика Симпсон веќе долго е на мета на подли коментари поради прекумерната тежина и отоците со кои се бори во бременоста. Додека некои и пишуваат дека ќе „експлодира“, други ја сожалуваат и се прашуваат како воопшто успева да се движи, па и посакуваат што полесно породување.
А дека пејачката тешко ја поднесува бременоста покажува и нејзината најнова објава на Инсатграм.
Имено, таа четири пати во два месеци завршила во болница поради бронхит и покажа селфи со хирушка маска на лицето.
View this post on Instagram
Severe pregnancy acid reflux has led to the purchase of my very own sleep recliner ???
-После недела дена во болница поради бронхит (четири пати за два месеци), конечно сум дома. Полека закрепнувам, а бебето Бирди исто така напредува и здрава е. Сега ги броиме деновите до породувањето и едвај чекам да и ја видам насмевката, напиша пејачката.