Пејачката Александра Пријовиќ и посинокот на Лепа Брена, Филип Живојиновиќ за првпат станаа родители на нивното прво дете, синот Александар.
Имено, Пријовиќ се породила во приватна клиника со царски рез.
Нејзините најблиски и најмили се огласија на социјалните мрежи споделувајќи ги радосните вести.
Семејството Живојиновиќ беше во посета на Александра и се среќни поради приновата
И самата пејачка на својот „Инстаграм“ се огласи и се заблагодари на сите честитки.
За потсетување, Александра и Филип пред некое време купија нова вила на кредит каде што ќе се преселат откако Пријовиќ ќе излезе од болница.