Лук Пери, славниот актер и ѕвездата на серијата „Беверли хилс“ доживеа мозочен удар и оттогаш бил под силни седативи.
Почина во болница на 4-ти март опкружен со најблиските, на 52 годишна возраст, не можејќи да се избори со доживеаната траума.
Неговата последна објава на Твитер расплака многумина од неговите фанови. Тој за јавноста сподели фотографија која е настаната при средбата со старите пријатели и колеги – Џени Гарт, која ја глумеше Кели, Џејсон Присли, кој го играше Брендон и Габријел Картерис, позната како Андреа од „Бевери хилс 90210“.
„Семејство“, напиша на фотографијата и на тој начин покажа колку тие му значеа, и колку беа блиски и толку години по прикажувањето на серијата.