Радио Милева

Вака започна Каролина: Од „Шарам барам“ со Мадона, до „Макфест“ и „Мамо, пушти ме“

Вака започна Каролина: Од „Шарам барам“ со Мадона, до „Макфест“ и „Мамо, пушти ме“

Кога станува збор за талент, музичка кариера, професионалност, многубројни хитови и некој што ги полни салите, една од нив дефинитивно е Каролина Гочева.

Гочева зад себе има многубројни хитови,  а последниот албум „Извор“ наиде на одличен фидбек кај публиката.

Каролина својот прв јавен настап го имала во емисијата „Шарам Барам“  со песната „Like a prayer“ од Мадона . Таа на својот „Инстаграм“ објави фотографија од Мадона и истакна дека со таа песна таа првпат се појавила на телевизџија.

„Вчера точно 30 години од „Like a prayer“ мојата омилена песна и албум кога имав 9 години, исто ова е и првата песна со која во животот сум се појавила на ТБ, во емисијата „Шарам барам“ (се надевам дека тогаш бевте родени, ја паметите) во далечната 1989 година, напиша Гочева во описот на фотографијата.

фото: Принтскрин/инстаграм/каролина гочева

Во една емисија, Каролина истакна дека снимките од нејзините почетоци ги поседува нејзиниот татко.

„Беше многу популарна емисија. Јас се појавив и ја пеев „Like a prayer“ од Мадона. Тогаш бев умрена по Мадона“ изјави Голева во една прилика.

 

Потоа, Каролина се појавува на детскиот фестивал  „Си – До” во Битола и на фестивалот Макфест во 1991 во Штип со песната “Мамо, пушти ме”. На почетокот на нејзината кариера, таа настапуваше на голем број домашни фестивали за промовирање на нејзиниот талент и нејзината кариера.

„ Од денешен аспек ја доживувам како симпатична детска песничка, убав спомен на моментот кога ми се исполнува детската желба да почнам да пеам. Искрено не се сеќавам кога последен пат сум ја пеела, веројатно уште многу одамана. Одвреме-навреме знам да ја пуштам на Јутјуб за да се потсетам на моето детство!“, откри Каролина.

фото: принтскрин/инстаграм

Вака изгледаше Каролина на своите почетоци.

Сега зад себе има веќе 9 студиски албуми, безброј спотови и концерти во и надвор од Македонија.

Кога станува збор за приватниот живот, Каролина е омажена за Михаил Корубин и важат за едни од најубавите парови на естрадата.

 

 

To top