Водителката на Канал 5, Анастасија Деа Богданоска е поетски расположена. Есента, која според временските прилики повеќе наликува на пролет и прилега на поетската душа на романтичната Деа. А велат, како се чувствуваш, така и се однесуваш, па шармантната водителка седна во пракот среде паднатото есенско лисје за да направи една фотографија.
Поетски расположената и разнежнета Деа, совршено се вклопи во есенскиот пејсаж со мирис на пролет, па реши покрај сликата да постира и цитат:
„ Есента во суштина е втора пролет, а секој лист е цвет“ – напишала покрај споделената фотографија Анастасија.
Во пролет природата се буди, па пчелки и бумбари летаат од цвет на цвет, за да ги опрашат… што подоцна кај некои од нив, резултира и со плод! А водителката, така распослана среде паднатите „есенски цветови“, наликува како да е еден од нив! Така барем изгледа нашиот убав ТВ водителски цвет, со поетска душа и свој скриен свет!
За бумбарот, нема да дискутираме… оти бумбар – не е! Иако се шушка дека и овој „имал крилја, ама летал само ноќе“. Така барем народот… велит!