Пејачката Марија Шерифовиќ утрово многу се изнервира кога го погледна својот луксузен автомобил. Имено, Марија не го пракира своето возило во гаража, туку пред зградата каде живее.
Она што ја изнервира пејачкта е фактот дека некој го изгребал автомобилот и со тоа и направил штета. Во прв момент кога видела, Марија побеснела, направила фотографија од оштетената врата, а потоа со следбениците на социјалните мрежи ја сподели истата.
Шерифовиќ е позната како некој што нема „влакна на јазикот“ и порача дека со сите сили ќе се обиде да го најде сторителот.
-Кој вид задоволство доживува особа кога некому ќе го изгребе автомобилот? Баш ме интересира точениот и прецизен вид на задоволство? Ако е маж – дали му расте пенисот? Ако е жена, дали станува поубава? За што се работи? Не сфаќам! Се обидувам да разберам и не ми е јасно! Сè на сè, го**о едно мало смрдливо, ќе ги превртам сите камери на овој свет и кога ќе те најдам… – порача Марија.