Радио Милева

Британските медиуми ја открија причината за смртта на Кит Филинт

Британските медиуми ја открија причината за смртта на Кит Филинт

Кит Флинт (49) беше пронајден мртов во својот дом во Есекс, а неговото самоубиство ја шокираше јавноста. Флинт само неколку дена претходно настапувал со својот бенд, а два дена пред смртта  трчал полумаратон.

Изгледал како се да е во ред, а потоа британските таблоиди откриваат дека доживеал емотивен слом.

Флинт во 2006 година се ожени со јапонската диџеј ѕвезда Мјауми Каи, но пред неколку недели одлучил да се разведе. Кит тоа наводно тешко го поднел, а Мајуми била во Јапонија кога тој си го одзел животот.

Британскиот „Sun“ пренесува дека фронтменот на легендарниот бенд паднал во депресија, на која и претходно бил склон и дека повторно почнал да консумира опијати, па во состојба на психичко растројство донел одлука да крене рака на себе.

Не е познато на кој начин славниот музичар си го одзел животот.

To top