Радио Милева И форма и квалитет

Пејачката Девана Нардели откри две нешта: Каква скара душата и бара, а и дека без добар „Шур“, нема добар жур! (ФОТО)

Пејачката Девана Нардели откри две нешта: Каква скара душата и бара, а и дека без добар „Шур“, нема добар жур! (ФОТО)

Македонската пејачка Девана Ѓорѓиевска, попозната како Девана Нардели покрај  професионалните ангажмани и обврски како пејач во Македонската опера и балет, наоѓа време паралелно да и се посвети и на онаа другата своја музичка кариера како кафеанска и клубска пејачка.

Девана се почесто настапува по ноќните локали, а опусот на  нејзините песни е комбинација на повеќе жанрови, зашто младата пејачка се труди да ја задоволи масата народ која има различни вкусови.

Иако до сега не се изјаснила што повеќе и лежи: забавното или народното, оние што биле да ја слушнаат велат дека убавата пејачка поодеднаково добро се снаоѓа во обата правци.

А како што е познато без добар алат, нема добар занает… Затоа Девана цврсто го грабна в раце новиот алат, па со него се пофали на социјалните мрежи: „Без добар Шур, нема добар жур“ – вака отприлика би можело да се каже за новиот микрофон на пејачката, кој навистина е екстра класа! Да ти е мерак  на него да пееш…  па Девана и не го испушта од рака, кога е на сцена! Лакот на ноктите е само… екстра декор!

А кога сме веќе кај меракот, младата пејачка е голема мераклика уште на нешто… што се вика полна маса!

И тоа со добра софра!  Затоа исто како што се пофали со микрофонот, Девана на Инстаграм се пофали и со своето омилено парче… скара! Формата запазена, а за квалитетот… прашајте ја пејачката!

 

To top