Радио Милева депресија...

Откриена причината за смртта на пејачот на „Продиџи“: Нашиот брат викендов си го одзеде животот!

Откриена причината за смртта на пејачот на „Продиџи“: Нашиот брат викендов си го одзеде животот!

Лиам Хаулет, еден од основачите на групата „Продиџи“ преку официјалниот инстаграм-профил на Продиџи ја потврди смртта на нивниот член Кит Флинт и кажа дека се работи за самоубиство.

Утрово Кит Флинт од Продиџи беше пронајден мртов во својот дом. Тој почина на 49-годишна возраст.

Лиам, кој е највлијателниот член на Продиџи, преку инстаграм профилот на бендот ја потврди смртта на Кит и соопшти дека се работи за самоубиство.

„Вестите се точни, не можам да поверувам дека го велам ова, но нашиот брат Кит викендов си го одзеде сопствениот живот. Шокиран сум, лут, збунет и со скршено срце… Почивај во мир брате“ – напишал Лиам.

Се претпоставува дека причина за самоубиството е тежок облик на депресија во кој западнал пејачот.

To top