Северина Којиќ и нејзиниот сопруг Игор, уживаат во секој момент од својата љубов, која трае веќе неколку години. Популарната пејачка сега објави „селфи“ со сопругот кое ги запали социјалните мрежи.
Северина судејќи според описот на фотографијата, имаше намера да позира сама, меѓутоа во кадар влета и Игор. Двајцата се фотографираа во лифт, а во таа прилика падна и сочен бакнеж.
-Љубовта ми влета во селфи, напиша Северина.
View this post on Instagram
Потоа следеа многубројни позитивни коментари кои беа упатени на сметка на Којиќ, а Северина благодарение на ваквата интимна фотографија доби близу 40 илјади лајкови за неколку часа.