Радио Милева

Нови детали за здравствената состојба на Неда Арнериќ

Нови детали за здравствената состојба на Неда Арнериќ

Српската актерка Неда Аренериќ која се обиде да се самоубие се чувствува подобро и оздравува во болницата во Белград.

Како што пренесуваат медиумите таа ја приме неопходната терапија, будна е,но нерасположена, поради што докторите внимаваат на неа.

“Пациентката не е во животна опасност. И понатаму ја прима неопходната терапија. Нерасположена е. Се следи нејзината здравствена состојба. Одлучивме да ја задржиме на лечење, како и интезивно вклучување на психијатар“ вели извор за еден српски портал.

 

фото: Драган Удовчиќ

За потсетување, Неда била донесена во болница откако испила 20 таблети за смирување во комбинација со лекови за хипертензија. На оделението за токсикологија примена е без свест и бледа во лицето, а притисокот и бил 50 со 20.

To top