Почина Кит Флинт, главниот вокал на светската музичка атракција „Продиџи“. Светските медиуми објавија дека 49-годишниот пејач бил пронајден мртов во својот стан.
„Продиџи“ важеа за британскиот брејк-бит бенд чија музика содржи различни стилови, почнувајќи од рејв и хардкор техно од раните 90-ти, до алтернативен рок и биг бит со вокални панк елементи на подоцнежните албуми.
„Продиџи“ за првпат се појавија на андерграунд рејв сцената во раните 90-ти години, а наскоро потоа доживеаја голема популарност и стана познати низ целиот свет. Некои од нивните најпопуларни песни се: Charly, Out of Space, No Good, Voodoo People, Firestarter, Breathe, Girls и Smack My Bitch Up…!
Кит Флинт беше нивниот главен вокал и таначар кој важеше заштитно лице на групата.