Популарната радио водителка Дивна Карлеуша, мајка на Јелена Карлеуша по тешко боледување почина вчера во својот дом.
Еден ден пред тоа, Дивна на својот профил на „Инстаграм“ објави видео од настапот на нејзината ќерка Јелена Карлеуша, а тоа е и нејзината последна објава.
„Мојата убавица“ напиша Дивна во описот, а веднаш следеше и коментар од самата пејачка.
„Ти си мој ангел“ напиша Карлеуша не ни помислувајќи дека следниот ден ќе ја загуби својата мајка.
За потсетување, во 2016 година Дивна посетила болница поради проблеми со дишењето и белите дробови и кашлање на крв, при што и биле направени анализи и отогаш започнала нејзината борба со тешката болест.
Ни Јелена ни Дивна не сакаа во јавност да зборуваат на оваа тема.