Мајката на Јелена Карлеуша, Дивна карлеуша, почина вчера по борбата со тешката болест. Бројни личности од јавниот живот во Србија се огласија по повод тажната вест, а меѓу нив беше и Марија Шерифовиќ. Таа на социјалните мрежи изрази сочувство на семејството на Карлеуша, па порача.
-Изразувам искрено сочувство на мојата другата Јелена и целото семејство Карлеуша. Веста за заминувањето на Дивна ужасно ме погоди, ќе ја паметам како вистинсак мајка и голем борец – порача пејачката.
Исто така на Инстаграм напиша дека повеќе не може да поднесе.
-Лоши вести јас повеќе не можам да поднесам, објави во кусите приказни на Инстграм.
Потсетуваме, Дивна почина вчера околу 12:30 во својот дом, после долгата и тешка борба со болеста. Екипата на брзата помош пристигнала во нејзиниот дом, но само констатирале смрт.