Неда Арнериќ била на работ на смртта кога ја донеле на Воено-медицинската академија (ВМА), откако испила 20 таблети за смирување во комбинација со лекови за хипертензија.
На одделот за токсикологија била примена во безсвесна состојба и мртовечко бледило на лицето. По воспоставување на дијагнозата, присутните лекарите откриле дека притисокот и е 50 со 20, и веднаш и дале терапија која ќе ја регулира нејзината сериозна здравствена состојба.
Според сознанијата на медиумите, актерката долго време била во лошо расположение, предизвикано од смртта на нејзиниот сопруг Милорад Мештеровиќ. Откако тој почина, Неда живеела сама во стан во белградската опшина Врачар, а неа редовно ја посетувал постариот брат, кој и ја повикал полицијата затоа што неговата сестра не одговарала таа вечер на телефонските повици.
„Братот на Неда беше очаен кога дојде во одделението, плачеше и повторуваше дека не смеешл да ја остави сама во станот. Тој исто така рече дека оваа ситуација се случува по втор пат и дека ќе мора да ангажира жена која ќе го минува времето со Неда за ова повеќе да не се случи. Еден од лекарите вели дека таа испила лекови за смирување, но јас не разбравме дали тоа биле “Лоразепам” или “Дијазепам” – вели медицински извор од ВМА, објаснувајќи како ќе продолжи да тече лекарскиот третман на познатата актерка.
„Некое време ќе биде во болница, каде што многу лекари од различни специјалности се вклучени во нејзиниот третман. Се разбира, клучни се психијатрите и психолозите, кои ќе се обидат да и помогнат да ја надмине кризата и да се врати во нормален живот“ – вели изворот за српски Курир.
Фото: Драган Удовчиќ/Марина Лопичиќ/ Бета