Пејачот Саша Матиќ изјавува дека кралот на српската народна музика, Шабан Шаулиќ, кој почина во сообраќајна несреќа во Германија, се плашел да се вози со автомобил и тој го споделил стравот во разговорите со него.
– Кога последен пат го видов, го прашав: “Шабане, што возиш сега?” Тој вели: “Ма, некое „Фиат Стило“. Не ми се допаѓаат големи автомобили. Се ежам кога во странство кога ќе ме пречекаат возачи на некој автомобил со јака кубикажа. Па уште, кога еден дечко ме возеше дава полн со гас за да ме фасцинира … Му кажувам: “Ма, оди по ѓаволите бре човеку”. Се навозив во животот јас брзи и скапи автомобили. Доста ми е од тоа “, рече Матиќ, мислејќи на смртта на големата ѕвезда на народната музика што го потресе Балканот.
Матиќ откри дека Шаулиќ и кога се возеле заедно го советувал и ги молел возачите да не пијат, да спијат, да се одмораат и да не им дозволат да дивеат.
– Му кажав “Драг Боже, Шале, опушти се“, а тој на тоа: „Како да се опуштам, гледаш дека овој не гледа воопшто“, раскажува Матиќ во својата исповед за Шабан објена од Hello.rs
фото:Дејан Милиќевиќ, Ата имиџис, инстаграм