Радио Милева

Колега на Неда Арнериќ проговори за српската актерка која се обиде да се самоубие

Колега на Неда Арнериќ проговори за српската актерка која се обиде да се самоубие

Српската актерка Неда Арнериќ која вчера се обиде да се самоубие била пронајдена во својот стан.

Нејзините колеги се изненадени и загрижени за нејзиното здравје.

Така еден нејзин колега истакна дека таа често психички паѓала по смртта на нејзиниот сопруг Милорад Мештеровиќ.

Еден од нејзините најблиски соработници и со кого поминувала најмногу време, Феѓа Стојановиќ откри дека Неда по смртта на нејзиниот сопруг дека психички паѓала.

„Јас апсолутно не знам ништо. Знам исто што и вие, пред малку во весниците. Не можам да и се јавам бидејќи е во болница. И посакувам се најдобро. Таа доживеа трагедија нејзиниот сопруг да почина после долго боледување, но некако беше расположена во последно време.Очигледно дека привремено има дипресија против која не може да се бори, а кога работиме претстава, Неда работи со голема љубов. Имаме закажни седум, осум гостувања и по Македонија и не знам уште каде. Се надевам дека брзо ќе оздрави и верувам дека тоа е поврзано со нејзината депресија, друго ништо не знам“  вели Пеѓа за еден српски портал.

Откако актерката не се јавувала на телефонските повици нејзиниот брат пријавил во полиција, при што пристигнале пожарникарите, полиција и бравар, а Неда ја пронашле без свест со апчиња покрај неа.

To top