Современиот крал на валцерот, како што го нарекуваат холандскиот виолинист со светска слава Андре Риу, за прв пат ќе оджи концерт во Скопје, во ВИП арената „Борис Трајковски“. Познатиот музичар ќе настапи со својот оркестар „Јохан Штраус“, кој со своите 60 музичари е најголемиот приватен оркестар на светот.
Концертот го организира продукцијата „Пасворд“, а билетите се продаваат преку продажната мрежа на Мк Тикетс.
Како поздрав на македонската публика, Риу неодамна објави видео на која со оркестарот ја свири познатата песна „Македонско девојче“, која ја напиша легендата на народната песна Јонче Христовски.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=39&v=ZwM6W8OBJ0Y