Познатата српска актерка Неда Арнериќ се обидела да се самоубие во својот стан, пишуваат српските медиуми.
Екипата на pink.rs ја посетила зградата на Врачара во која актерката се обидела да си го одземе животот.
Нејзиниот брат пријавил во полиција дека Неда не се јавува на телефон. До станот веднаш пристигнала полиција, пожарникари и бравар. Вратата била заклучена, а клучот останал во бравата од внатрешната страна.
Браварот и пожарникарите влегле во станот и ја нашле Неда без свест, а покрај неа имало лекови.
Инаку, пред три години актерката под непознати околности паднала од терасата од својот стан. Во таа прилика се здобила со тешки телесни повреди.