Селена Гомез со години важи за „кралица на Инстаграм“, бидејќи има најмногу следебеници на социјалните мрежи.
Меѓутоа, пејачката повеќе не е на врвот, а од престолот ја симна нејзината колешка.
Имено, жена која сега има најмногу следбеници на „Инстаграм“ е Аријана Гранде. Младата пејачка моментално има 146,525,224 следбеници на оваа социјална мрежа.
Селена долго време беше на прво место и имаше 146,359,149, а сега Аријана ја претече за 166 илјади следбеници.
На трето место е Ким Кардашијан, на четврто Кајли Џенер, а на пето Бијонсе.
Кога станува збор за мажите, крал на „Инстаграм“ е Кристијано Роналдо кој има 156 милиони следбеници.